Малолитражни Бојлери
Електричните греалки за вода од типот ХИТ 5 и ХИТ 10 се греалки од отворен тип кои се предвидени да работат со помош на нископритисна батерија за мешање на водата. Казанот е изработен од високо квалитетен челик кој е поцинкуван, а исто така можат да бидат и од нерѓосувачки лим (INOX) кој е физиолошки неутрален, па водата од овие казани може да се употребува во прехрана.
Надворешниот дел на бојлерите од 5 и 10 литри може да биде и од пластифициран лим или од пластика која нуди совршен дизајн. Топлотната изолација е изработена од современи синтетички материјали така да топлотните губитоци се сведени на минимум и овозможува водата да остане долго време топла. Греалките за вода од типот ХИТ 5 и ХИТ 10 можат да бидат во две димензии, за горна и долна монтажа со ознака ВМ и НМ.

